Потпишан Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Меморандумот е потпишан од Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Министерство за правда

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.

Целта е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што ќе се овозможи:

 поголема правна сигурност за граѓаните,

 заштита на личните податоци и почитување на етичките стандарди,

 грижа за најранливите категории (пензионери со минимална пензија),

 јасни и транспарентни процедури,

 поефикасно спроведување на извршувањата.

Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување.

-Министерството за правда продолжува да го гради правосудниот систем врз доверба, отчетност и транспарентност, велат од ресорот.