Потпишан меморандум за соработка на МПС и синдикатот на државните полициски работници на Албанија

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Денеска во Тирана Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев го потпиша Меморандумот за меѓусебна соработка со Претседателот на Синдикатот на државните полициски работници на Албанија – Садетин Фишта.

Преку официјализирање со потпишување на меморандумот за соработка се продолжува повеќе децениската билатерална синдикална соработка помеѓу овие синдикати кои ги преставуваат вработените во безбедносните органи на двете братски држави.

Очекувањата од оваа меѓусебна соработка се големи, особено поради фактот што членовите на овие синдикални организации ги засегаат заеднички проблеми карактеристични за овој регион во кој делуваат овие синдикати.

Со меморандумот се предвидуваат активностите на синдикалните организации во двете држави на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од интерес на своето членство како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и подршка во случаите кога ќе имаат проблеми поради своите синдикални идеи,активности и планови.

Покрај потпишувањето на меморандумот за соработка, делегацијата на МПС која беше во состав од Претседателот на МПС, Марјан Кицев, Генералниот секретар, Зоран Кузманоски, Заменик на Генералниот Секретар, Адријан Телќиу и Советник на Претседателот на МПС, Вулнет Поцеста имаше состанок со раководството на Синдикатот на државните полициски работници на Албанија каде се договорија низа активности за периодот кој претстои, се вели во соопштението.

Слични содржини