Потпишан Меморандумот за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, Брнабиќ најави разговори и за пруга до Атина

од Nikola Popovski
186 прегледи

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ со македонскиот колега Благој Бочварски го потпиша Меморандумот за изградба на брзата пруга од Ниш до Скопје.

На потпишувањето присуствуваа премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ и македонскиот премиер, Димитар Ковачевеки.

Српската премиерка рекла дека потпишаниот меморандум, како и саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ придонесува за подобрување на односите меѓу нашите пријателски земји.

Како што истакнала Брнабиќ, во најкраток можен рок ќе се формира заедничка работна група за изградба на акционен план за изградбата на пругата од Ниш до Скопје.

– Ќе разговараме со партнери од Северна Македонија за понатамошната изградба на пругата од Скопје до Солун и понатаму од Солун до Атина. Србија потоа ќе биде на транспортната рута од пристаништето Пиреја до Западна Европа, што ќе донесе огромни придобивки за нашата земја. Економската соработка на нашите две земји бележи рекорди во размената на стоки, кои изнесуваат 1,48 милијарди евра, што е зголемување за 2,8 пати, рекла српската премиерка.

Фото: Tanjug

Слични содржини