Градоначалниците на Скопје и на Измир, Данела Арсовска и Мустафа Тунч Сојер денеска потпиша Протокол за збратимување меѓу двата града.
– Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме Протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од заемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина. Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од заемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација, се вели во соопштението од Град Скопје.
На денешната средба на покана на градоначалникот на Измир, присуствуваа пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под градот Измир, како и голем број на здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.
– Овој протокол е од исклучителна важност за Град Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој заемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Град Скопје.