248
Во Советот на Европа, во канцеларијата и во присуство на генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, министерката за правда на Северна Македонија, Рената Дескоска, го потпише Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за заштита на лицата во однос на автоматска обработка на лични податоци (CETS бр. 223), јави дописникот на МИА.
Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Стразбур учествуваше и на сесијата на Комитетот на министри за човекови права, кој го надгледува извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.