Потпишани договори за развој на 12 социјални услуги во 17 општини

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Во рамки на Вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги од Министерството за труд и социјална политика денеска беа потпишани договори со претставници на даватели на услуги на општините.

Како што информираше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната прес-конференција од првиот јавен повик беа лиценцирани 22 услуги во 27 општини, а сега со вториот повик се вклучуваат уште 12 проекти што ќе се спроведуваат во 17 општини.

„Исто така, сакам да потенцирам дека од спроведувањето на првиот јавен повик имаме над 700 корисници на овие услуги, додека со овој втор повик проектирано е да се вклучат дополнително 500 нови корисници“, додаде Тренчевска.

Таа вели дека со спроведување на овие социјални услуги се отвораат можности за нови работни места за граѓани од ранливи категории.

„Па така, со првиот повик имавме над 250 лица коишто се вработени, односно стручен персонал, а сега со овој нов повик и со вклучување на овие 12 проекти всушност имаме дополнителни 150 лица коишто ќе добијат работа. Овие факти се силен показател за успешноста на овој проект како инструмент за поддршка за спроведувањето на социјалните реформи“, изјави Тренчевска.

Менаџерката на Проектот за подобрување на социјалните услуги Елизабета Куновска во своето обраќање посочи дека најголем дел од општините во првиот повик изразиле интерес за помош и нега во домот и таа услуга се спроведува во 20 општини.

„Исто така, во пет општини имаме отворено дневни центри, во една општина имаме советувалиште. Работно ангажирани се 250 лица, кои ја даваат услугата на 700 корисници. Одржливоста ја обезбедивме преку континуирано финансирање на услугата по 12 месечно завршување на проектното финансирање“, истакна Куновска.

Додаде дека првите десет социјални услуги влегоа во финансирање во централниот буџет, додека следните ќе бидат преземени во текот на 2023/24 година, со што, како што вели се обезбедува континуитет и одржливост на услугите.

Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска Банка. Преку овој проект, со доделување грантови се придонесува за проширување и унапредување на квалитетот социјалните услуги на локално ниво, како и за зголемување на опфатот со услугите.

Менаџерката на Проектот за подобрување на социјалните услуги, Елизабета Куновска во своето обраќање посочи дека најголем дел од општините во првиот повик изразиле интерес за помош и нега во домот и таа услуга се спроведува во 20 општини.

„Исто така, во пет општини имаме отворено дневни центри, во една општина имаме советувалиште. Работно ангажирани се 250 лица, кои ја даваат услугата на 700 корисници. Одржливоста ја обезбедивме преку континуирано финансирање на услугата по 12-месечно завршување на проектното финансирање“, истакна Куновска.

Таа додаде дека првите десет социјални услуги влегоа во финансирање во централниот буџет, додека следните ќе бидат преземени во текот на 2023/24 година, со што се обезбедува континуитет и одржливост на услугите.

Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светската Банка. Преку овој проект, со доделување грантови се придонесува за проширување и унапредување на квалитетот социјалните услуги на локално ниво, како и за зголемување на опфатот со услугите.

Преку првиот повик се реализираа 22 проекти, од кои 16 се за помош и нега на стари лица во домот, три за дневни центри за деца со попреченост и по еден проект за дневен центар за стари лица со активно стареење, еден дневен центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и еден проект за развој на услугата за советување.

Слични содржини