Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.

Директорот на Агенцијата за вработување Ведат Османи заедно со колегите од Србија и Албанија го потпишаа првиот Протокол за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан.

Со овие протоколи завршени се неопходни правни чекори за почеток на мерката, со што останува да се реализираат уште финалните технички тестирања и усогласувања во рамки на системите за е-услуги во трите држави. Се очекува мерката да стане достапна за граѓаните во текот на март 2024 година.

Ја потврдивме подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработување на Западен Балкан.

Потпишувањето на двата Протоколи значи и заемна законска обврска за започнување на бесплатен пристап до пазарот на трудот.

Овој проект е во согласност со мисијата за соработка, и спроведување на четирите слободи, слободата на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Со цел да се обезбеди напредок и економски просперитет, земајќи ја предвид важноста на мобилност и на движењето на работниците, а почитувајќи ја имплементацијата на правото на ЕУ во областа на слободното движење на работниците и подготовката за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ, дозволуваме поедноставување на процедурите за слободен и еднаков пристап до пазарот на труд.

Слични содржини