ПОТПИСОТ КОЈ СИТЕ ГО ЧЕКАА: Легендарниот Аспас го продолжи договорот!

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Фудбалерот на Селта, Јаго Аспас, го продолжи договорот со шпанскиот клуб до 2026 година.

„Овој 25 декември, Селта и нејзините навивачи го добиваат најдобриот божиќен подарок: Јаго Аспас го продолжи договорот до 2026 година. Исклучителен стил кој се протега и надвор од терените, Јаго успеа да ја освои наклонетоста на навивачите на Селта со својата блискост, харизма и карактер. Со години беше душата на соблекувалната и идолот на илјадници навивачи на Селта, кои во него го видоа одразот на тоа што значи да се биде „небесен“: верен, лојален и борец. Симбол на труд, пожртвуваност и љубов кон боите на клубот“, стои на веб-страницата на шпанскиот клуб.

Аспас (37) прво беше член на Селта од 2008 до 2013 година, кога се пресели во Ливерпул, за во 2015 година да се врати во шпанскиот клуб, за кој одигра вкупно 509 натпревари и постигна 210 голови.

„Селта сака да ја изрази својата најискрена благодарност до Јаго Аспас за сите овие години посветеност, напорна работа и лидерство. Гордост е за клубот и навивачите што уште една година го имаат еден од големите симболи на шпанскиот фудбал, жива легенда на Селта“, се додава на веб-страницата на клубот.

Аспас беше шпанскиот играч со најмногу голови во Ла Лига во четири сезони (2016/17, 2017/18, 2018/19, 2021/22).

За шпанската репрезентација одигра 20 натпревари и постигна шест гола.

Слични содржини