351
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик-градоначалничка, која доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците.
Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува градот.
Абази, која е потпретседателка на АА, е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври.
Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.