Потпретседателката на ЕК му одговори на Орбан: Никогаш не сум ги навредила Унгарците

од Stefanija Kuzmanovska

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова ги отфрли како неточни обвинувањата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ги понижила Унгарците.

„Имам голема почит кон унгарскиот народ и изборите кои ги одржуваат“, рече таа за „Политика“, откако Орбан ѝ се обрати на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, барајќи оставка од Јурова, поради „понижувачките изјави“ за Унгарија.

Орбан реагираше на изјавата на Јурова за „Шпигел“ дека „Орбан сака да зборува за тоа како гради нелиберална демократија, а мене ми се чини дека тој гради лоша демократија“.

Јурова денес потенцираше дека „никогаш не го навредила унгарскиот народ. Напротив, има голема почит кон Унгарците и изборите кои ги одржуваат“.

„Тоа не значи дека не смееме да изнесуваме критики, доколку е потребно, на сметка на владите и избраните претставници во Комисијата или земјите-членки. Во демократија, ничиви постапки не се над критиките“, рече таа.

 

Слични содржини