Потпретседателката на ЕУ Парламентот уапсена за истрага за корупција?

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Белгиската полиција наводно ја уапсила грчката политичарка Ева Каили, еден од потпретседателите на Европскиот парламент, во петокот вечерта во Брисел, изјави за АФП извор близок до случајот.

Апсењето во врска со истрагата за корупција во која е вмешан домаќинот на Светското првенство Катар уследи по наводното приведување на четворица други осомничени претходно во петокот, рече изворот.

Белгискиот весник Le Soir објави дека властите упаднале во станот на европратеничката и го уапсиле нејзиниот партнер во врска со скандалот.

Федералниот обвинител на Белгија ги најави апсењата откако беа откриени 600.000 евра во готовина кога полицијата изврши рација на 16 адреси во Брисел, пишува „Дејли Мејл“.

Обвинителите не го прецизираа идентитетот на осомничените или името на државата за која станува збор, освен дека се работи за „Заливска држава“.

Слични содржини