Потпретседателот на Бундестагот го навреди Ердоган, остра реакција од Анкара

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Министерството за надворешни работи на Турција го повика на разговор германскиот амбасадор во Турција и упати остар протест поради неодамнешната изјава на потпретседателот на Бундестагот и Партијата на слободата на Германија (ФДП), Волфганг Кубицки, кој го нарече турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, „мал канализациски стаорец“, мислејќи на неговата политика кон мигрантите.

„На Кубицки целосно му недостасува политички морал и одговорност“, порачуваат од Анкара.

Кубицки го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ поради неговата политика кон мигрантите.

Слични содржини