Освен доцнењето со ковид-вакцините, друга грешка беше што повремено остававме впечаток дека ги поместуваме стативите. Случајот со Северна Македонија е типичен пример. Скопје го направи токму она што Европа го бараше од него и наместо да ги забрзаме преговорите кога го стори тоа, ние ги запревме, вели потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.
Според него, „беше неправедно затоа што ги запревме прво поради Франција и претстојните избори таму, а потоа повторно поради Бугарија“.
-Северна Македонија ја плати цената за владината нестабилност во Бугарија и тоа е погрешно. И покрај тоа што има причина за тоа, доцнењето е генерално грешка, вели Схинас.
За неодамншната негова посета на земјите од регионот, потпретседателот на ЕК и комесар вели дека констатирал неколку работи, прво дека луѓето и јавното мислење на Балканот, „безрезервно се наклонети кон европскаажта ориентација“, а второ дека „раководствата се обидуваат да го објаснат доцнењето на пристапниот процес“.