Потпретседателот на Uber поднесе оставка

од desk3
79 прегледи

Потпретседателот на платформата за взаемни патувања Uber, Емил Мајкл поднесе оставка.Оставката доаѓа во момент кога компанијата се соочува со обвинувања за сексизам и малтретирање. Емил Мајкл остави порака за својата оставка во електронско писмо до вработените на Uber, кое беше објавено од “Њујорк тајмс”. Извор близок до компанијата ја потврди информацијата, како и номинација во административниот совет на раководен кадар од “Нестле” – Вен Лин Март, што беше најавено од “Волстрит џурнал”.

Емил Мајкл, кој е близок до извршниот директор Тревис Каланик, е обвинет за ширење на агресивно и сексистичко однесување во компанијата. Според печатот, Uber размислува за евентуалното отстранување на Тревис Каланик, кој исто така е обвинет за поттикнување на менаџерски ексцеси, за кои се зборува со месеци.