Потпретседателот на влада, Кочо Анѓушев тежи 28.000.000 евра

од desk2

Богатството на Кочо Анѓушев тежи скоро 30 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања, денеска јавно го обелодени својот анкетен лист.

Семејството Анѓушеви поседуваат станови во Скопје и Белград и куќа на Халкидики во Грција која има вредност од 250.000 евра.

Од недвижниот имот во Скопје, поседуваат една куќа и пет станови во центарот на Скопје.

На име на Анѓушев се две луксузни возила – марка „масерати“ и „порше“ во вкупна вредност од 120.000 евра.

Во негова сопственост се уметнички слики и скулптури, дваесет на број во вредност од 105.000 евра, четири рачни часовници од брендовите „ролекс“, „омега“ и „картие“, златен накит и моторен чамец.

Сепак целта на денешното обелоденување не беше да се соопшти колку тежи туку   Анѓушев кажа дека сака да покаже дека не крие ништо и се гордее  со тоа што  сам го спечалил, и во Владат не е заради пари туку има намера неговата вицепремиерска плата,   од 81.000 денари да ја донира за сиромашни семејства  и стипендирање студенти. Транспарентност е неговата цел во сите зделки и се во функција на напредок на македонската економија , поради што најавува редовни директни средби со новинарите.

Анѓушев најави сериозна прогресивна економија, транспарентоност, предност и мобилизација за домашното стопанство и фирми и расчистување со досегашните практики на криминални и штетни договори и тајност со странските инвеститори, и нови можност во енергетиката која не крие дека ја знае и разбира.

Слични содржини