Потрага по момче од Преспа: Последен пат е виден во неделата

од Nikola Popovski
426 прегледи

Петти ден нема траг од Ислам Лумани, а последно е виден во неделата наутро, кога тргнал кон плажата во Крани. Неговото семејство и пријатели од Преспа апелираат за било каква информација за него и помош во пронаоѓање.

„Во недела (21.03.2021) во 10 часот наутро е виден за последен пат Ислам Лумани, тој имаше облечено сини пантолони, црно палто и црни чевли. Се знае дека тој е тргнат да оди кон плажата во с. Крани, но постои можност да тој е отиден во се уште непознат правец. Денеска е четврти ден без него. Помогнете да го најдеме здрав и жив. Секоја информација од ваша страна е добредојдена“, пишува во објавата која се шири на Фејсбук.

Телефон за контакт:

+389 70743937

+389 71841758

+389 75848084

Слични содржини