Потрагата по Македонецот во Посиди влезе во четврти ден

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди, Халкидики.

Во акцијата која почна во зори, учествуваат три пловни објекти и четири патролни возила на крајбрежната стража, како и групи волонтери, а во текот на денот се очекува авион да го прелета подрачјето.

Условите во истражувачкото подрачје денеска се поповолни во однос на претходните 24 часа кога повремено дуваа ветрови.

Да потсетиме, тројца пријатели исчезнаа во морето во саботата во Посиди на полуостровот Касандра.

Васил (25) беше спасен по неколку часа, додека крајбрежната стража дури по речиси 19 часа успеа да го лоцира и извлече Иван од морето.

Иван бил спасен благодарение на топка што случајно ја нашол во морето. Со помош на топката успеал да остане на површината на водата, пливајќи и одморајќи наизменично додека не го спаси крајбрежната стража.

Неверојатната работа во врска со топката, која за чудо го најде патот до Иван, е тоа што таа беше изгубена на плажата Евгати во Лемнос на 31 јуни.

Слични содржини