Потребен е нов општествен договор и обединување за доброто на идните генерации, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Потребен ни е нов општествен договор и обединување за доброто на идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите, и подава рака за секого и за СДСМ да се обединиме околу државните интереси, се вели во денешното соопштение на опозициската партија.

„Владата на СДС потпиша договор со Бугарија со кој македонизмот до 1945 година го поврзува со бугарскиот идентитет. Како резултат на тоа ние имаме оптоварени евроинтеграции.

Заради лошите политики на власта, првиот услов е промена на Преамбулата на Уставот, а вториот услов кој е од пред некој ден е бришење на бројката и процентот со кој ќе се детерминира јазикот на Албанскиот народ.

Со промена на Преамбулата на Уставот немаме инстант решение за влез во ЕУ. Дали некој од ЕУ ќе гарантира влез, и дали ќе се донесе Резолуција дека Македонија нема да биде оптеретена со нови барања. Затоа е потребно општествено обединување.

Во однос на унитарниот карактер на државата. Тој е загарантиран и мора да биде црвена линија на секого. И за тоа исто така е потребно општествено обединување.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да направи семакедонско обединување за зачувување на интересите на државата и развој на истата“, додаваат од партијата на Мицкоски.