Потребни се инвестиции во земјоделскиот сектор бидејќи го зголемува учеството во БДП

од desk3
74 прегледи

Земјоделско-прехранбениот е трет најголем сектор и од 2005-2015 година учеството во бруто-домашниот проиозвод (БДП) е 12 проценти. Заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи учествува со 16 проценти во БДП.

Kozuvcanka1

Од Стопанската комора на Македонија истакнаа дека инвестициите во овој сектор се од голема важност, бидејќи придонесува и во надворешно-трговската размена, а уделот на агро-прехранбените производи во извозот е од 16 до 19 проценти.

Лани производството на сокови се зголеми за 4 проценти во однос на 2014 година, а производството на вода за истиот период е зголемено за 25 проценти.

Во делот на производство на вода има 13 домашни компании кои произведуваат 24 различни брендови на вода и има 1.200 вработени.

Како успешен пример беше наведена компанијата „Кожувчанка“ која учествува со 28 проценти од производството на вода и инвестираше вкупно 400.000 евра за подобрување на своите брендови.

 

META