Потребна е изградба на нов автопат односно инфраструктурно поврзување со Бугарија, за да се зголеми трговската размена со овој сосед.
Ова било заклучено на денешната средба меѓу министерот за економија Дритон Кучи и претседателот на Македонско-бугараската стопанска комора, Зоре Темелковски.
– Македонија и Бугарија негуваат пријателски односи, а на економски план се бележи континуирано зголемување на обемот на економска соработка, меѓугранични проекти и поддршка во стратешки проекти за инфраструктурно поврзување, како што е поврзувањето со автопат и железничка пруга. Двете страни се согласни за потребата од проширување на економската соработка во повеќе сегменти. За тоа е неопходно подобрување на патната инфраструктура за што и Македонија и Бугарија прават напори да се изнајдат средства за изградба на нов автопат, што би придонело за зголемување на трговската размена – се вели во соопштението на Министерството за економија./извор Мета
