Потресно збогување на училиштето со 17-годишниот Немања кој загина при несреќата во Нови Сад

од Nikola Popovski
154 прегледи

Немања Комар (17) од Степановиќ е еден од жртвите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, каде вчера се урна настрешницата. Од него се простија на социјалните мрежи.

Немања се уште имаше живот пред себе.

„Почитувани ученици, родители, наставници, колеги, со неизмерна болка и тага ве известуваме дека нашиот Немања Комар загина во трагедијата што се случи вчера во Нови Сад. Нашето најдлабоко сочувство до семејството. Драг наш Немања, патувај со ангелите“, напишаа на Фејсбук страницата на неговото поранешно училиште „Алекса Шантиќ“.

Немања е една од 14-те жртви на трагедијата што вчера ја потресе Србија. Несреќата се случила нешто пред 12 часот, при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу жртвите имало и две сестри, кои се подготвувале да заминат на слава, како и нивниот дедо, а имало и еден дечко и една девојка кои го чекале автобусот.

Слични содржини