ПОЦ: За една недела санкционира 129 непрописно паркирани возила

од Берта Китинска
283 прегледи

ЈП Паркинзи на oпштина Центар во текот на една недела санкционираа 129 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 27 јули до 2 август со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 61 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Центар.

Слични содржини