Иванка Трамп – ќерка и официјален советник на претседателот на САД, Доналд Трамп, стана предмет на потсмев на социјалните мрежи по објавувањето на видео клип во кој таа се обидува да интервенира во разговор помеѓу неколку светски лидери на самитот на Г-20.
Хаштагот #UnwantedIvanka се појави на Twitter по објавувањето во текот на викендот во Instagram на снимка, снимена за време на форумот на Г-20 во Јапонија. На него се гледа како 37-годишната жена се обидува да се вмеша во неформален разговор меѓу британската премиерка Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на ММФ, Кристин Лагард, која изгледа ја игнорира „првата ќерка“.
Was this the moment that triggered the hashtag #unwantedivanka? ?@IvankaTrump was seen conversing with senior leaders including Theresa May, Emmanuel Macron and Justin Trudeau at the #G20 summit.
More here: https://t.co/5CgpdQoJ7I pic.twitter.com/UUNoQ8QUEG
— Sky News (@SkyNews) July 2, 2019
„Ова можеби изгледа шокантно за некои, но да се биде „ќерка на … “ не е професионална квалификација“, реагираше младиот демократ од американскиот Претставнички дом Александра Окасио-Кортес.
Иванка Трамп има официјален статус на советник на претседателот на нејзиниот татко. Редовно присуствува, заедно со нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, во најблискиот круг на претседателот Трамп на Форумот Г-20 во Осака. Таа беше со својот татко за време на неговата историска средба со водачот на Северна Кореја – Ким Џонг Ун во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.
Брачните другари Трамп-Кушнер редовно патуваат со милијардер републиканец кој го слуша она што го велат. Кушнер е обвинет за тешката задача за изготвување на мирен план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Во април Трамп изјави дека размислувал да ја назначи својата ќерка Иванка на чело на Светската банка или за амбасадор на САД во ОН.
„Таа е вистински дипломат, многу е добра со броевите“, рече Трамп во интервју за списанието „Атлантик“, прецизирајќи дека се откажал да го прави тоа, за да не го обвинат за „непотизам“.