273
Министерот за одбрана на Данска, денеска соопшти дека ќе почне со обука на украински воени пилоти. Оваа одлука беше донесена откако Вашингтон објавија дека ќе почнат со обука.
– Скандинавската земја „сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави министерот за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен.
Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер:
„Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД, Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“.