Потврден е и втор случај на коронавирус во Србија, заразен е кинески државјанин

од Nikola Popovski
157 прегледи

Втор случај  на Ковид-19 кај кинески државјанин е потврден денес во Србија.

На 9 март 2020 година е потврден втор случај на Ковид-19 кај кинески државјанин, се вели во веб-страницата на Српското министерство за здравство.

До 18 часот, на 9 март 2020 година, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак биле тестирани вкупно 101 лица, кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот.

Од последниот извештај до 18 часот, тестирани се примероците на уште шест лица кои биле негативни на новиот коронавирус.

Првиот заразен пациент бил згрижен во Клиничкиот центар во Војводина и неговата состојба е стабилна.