Потврден изборот на Насир Муслиу за претседател на советот на Општина Гостивар

од desk4
77 прегледи

Општинскиот совет на денешната седница го разгледа решението на градоначалникот и истото го отфрли. Со денешната одлука на советот уште еднаш ја потврдивме одлуката од конститутивната седница на 17 ноември.

Време е градоначалникот да ги смири тензиите и омразата и да се помири со реалната состојба на мнозинството во советот на Гостивар и заедно да придонесеме за доброто на нашата општина“. – изјави Насир Муслиу, претседател на советот на Гостивар

Формирањето на мнозинството денеска го призна и градоначалникот Таравари, но ги обвини ДУИ и СДСМ дека ова мнозинство го формирале со притисоци кон советниците.

Ако советот не функционира, Таравари не ја исклучува можноста за нови избори.

Ние продолжуваме, ќе го почитуваме мнозинството и ќе видиме што е спорно. За жал го покажаа првиот деструктивен акт зошто се обидоа да го имаат ова мнозинство. Денеска треба да се измени и дополни буџетот за платите на наставниците во Гостивар, што е помалку од 10% од платата што ја добиваат наставниците во нашата општина, а оваа коалиција, Весел Мемеди, Заев и Ахмети тоа го спречија во Гостивар. Ние моментално сметаме дека сме најсилната партија во Гостивар и ако се согласиме и најдеме начин за одење на избори, зошто да не. Не велам дека дефинитивно ќе биде така, но ќе анализираме“. – посочи Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Првото гласање за претседател на советот на Гостивар беше одложено поради, како што изјавија општинските служби, пропустите во записниците.