Потврден првиот случај на коронавирус во Србија

од Nikola Popovski
172 прегледи

43- годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кој се заразил со коронавирусот, потврди српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

„Се случи како што се очекуваше, го имаме првиот позитивен случај на коронавирус во Србија. Најважно е што тој се чувствува добро. Нема проблем. Станува збор за човек кој повеќе од неколку пари бил во Будимпешта. Неговата сестра, која живее таму, имала воспаление на градите и симптоми слични на коронавирусот.После тоа и тој почувствувал потешкотии исто така, но бил исклучително одговорен, се самоизолирал, ги испратил децата на село и останал само со сопругата која му носела само храна “, објасни Лончар на вонредна прес-конференција .

„Веднаш се посомневавме на коронавирус, а резултатите од тестот од утрово, го потврдија тоа.. Пациентот е веќе во изолација”, додаде Лончар, посочувајќи дека нашите српските служби веќе започнале со понатамошна работа, односно анализата на сите лица во контакт со него и неговото семејство.

„Повторувам уште еднаш, нема простор за паника. Реков дека е нереално да постои земја во која нема коронавирус“, рече Лончар, потенцирајќи дека сите служби во Србија се целосно подготвени да се борат со коронавирусите.

Одговарајќи на прашањата на новинарите, Лончар рече дека има добро развиен план за тоа како Србија ќе одговори на вториот, третиот, четвртиот, петтиот случај. Нема простор за паника и единствениот начин да се надмине тоа, како сериозна држава, е да им се верува на српските институции и официјалните информации, рече министерот.