Потврден првиот случај на мајмунска сипаница во Хрватска

од Берта Китинска

Потврден е првиот случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска, информира од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, дознава ХРТ.

Имено, станува збор за личност која престојувала во Италија и Шпанија. Пациентот има поблага форма на болеста, не е хоспитализиран, но е во домашна изолација.

Минатиот месец, водечки советник на СЗО рече дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

Слични содржини