Потврдена одлука: Од утре штрајк во „Водовод“

од Nikola Popovski
249 прегледи

Одлуката за штрајк во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје едногласно е потврдена на Претседателството на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ), соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ).

Првпат во историјата на постоењето на ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје, в.д. директорот Маријанчо Митовски е неспособен да ги менаџира состојбите во претпријатието и веќе втор ден ги остави вработените во претпријатието без здравствено осигурување, а со тоа ги оневозможува да користат и здравствени услуги. Ваквите информации до синдикатот СУТКОЗ и ССМ пристигнаа пред почетокот на седницата на Претседателството на СУТКОЗ на која едногласно беше потврдена одлуката за штрајк во ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, стои во соопштението од ССМ.

Синдикатот СУТКОЗ и ССМ апелираа изминатите денови дека Митовски не смее да раководи со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје поради тоа што, како што се наведува, не ги исполнува условите и поради тоа што не е способен навремено да ги менаџира активностите во претпријатието.

Слични содржини