Врховниот суд ја потврдил пресудата за 7-те членови на т.н. „Кумановска група“, за случајот „Диво Насеље“.
Одлуката на Врховниот суд да не се повтори судењето за случајот, одбраната ја оценува како флагрантно прекршување на законот, бидејќи не биле земени предвид доказите на одбраната.
Одбраната предупреди дека ќе се обрати до судот во Стразбур.
Да потсетиме, членовите на терористичката група беа осудени на доживотен затвор.
Судењето на група Албанци од Македонија и Косово кои се судрија со полицијата на 9 и 10 мај 2015 година во кумановско „Диво насеље“ е еден од најголемите судски процеси во Македонија.
Во судирите загинаа осум полицајци, а 40 се повредени. Обвинителството побара максимални казни за членовите на „Кумановската група“, која се товареше за тероризам и терористичко здружување.