Потврдена причината за смртта на принцот Филип

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Речси еден месец по неговата смрт, потврдено е од што починал принцот Филип.

99-годишникот починал од старост, потврдија лекарите, пренесува „Телеграф“.
Потврдата за смртта е потпишана од Сер Хав Томас, раководител на Кралската медицинска служба.

Терминот „старост“ во Велика Британија е прифатлив како причина за смрт ако пациентот е над 80-годишна возраст и ако лекарот лично се грижел за тоа лице подолг временски период, објави „Телеграф“.

Сер Хав Томас се грижеше за војводата од Единбург и кралицата Елизабета од 2014 година.

Филип, кој во јуни ќе наполнеше 100 години, во последните години беше измачуван од голем број здравствени проблеми. Тој се повлече од јавната функција во 2017 година.

Слични содржини