Потврдена смртта на познатиот актер

од Vladimir Zorba

Човечките останки кои беа пронајдени во Калифорнија припаѓаат на актерот Џулијан Сендс, јавува Би-би-си.

Сендс исчезна во јануари кога тргна на планинарење.

Човечки останки беа пронајдени во саботата, а денеска и официјално е потврдено дека му припаѓаат на познатиот актер.

Телото, кое беше откриено во планинската пустина во близина на планината Болди во саботата, беше пренесено во канцеларијата на судскиот совет за идентификација, се вели во соопштението на шерифот на округот Сан Бернардино.

Џулијан Сендс, страствен планинар, исчезна на 13 јануари додека се искачуваше на врвот висок 3.048 метри, источно од Лос Анџелес.

Сендс (65), актер роден во Британија, е најпознат по улогата во филмот „Соба со поглед“ од 1985 година.

Оженет е со новинарката Евгенија Читкович и има три возрасни деца.

Слични содржини