Нов вид на коронавирус се анализира во Велика Британија, каде се потврдени 16 случаи на инфекција. Експертите од Институтот за јавно здравје веднаш започнаа да го анализираат новиот вид.
Како што рекоа, нема докази што сугерираат дека новиот вид ги прави вакцините помалку ефикасни.
Повеќето случаи се поврзани со патување во странство и во моментов нема докази за локално пренесување.
Институтот за јавно здравје на Велика Британија спроведува лабораториски тестови за да се утврди влијанието на мутацијата врз однесувањето на вирусот.
Сето ова се случува во време кога бројот на случаи на инфекција со делта-вирус е зголемен од минатата недела во 33.716 на 286.765.
– 16 случаи на инфекција со вирус Б.1.621 се потврдени низ целата земја, повеќето од нив се поврзани со патувања во странство и во моментов нема докази за локално пренесување – беше речено од британскиот институт.