Потврдени мировните преговори меѓу Русија и Украина! Еве каде и кога ќе се сретнат

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Украинските и руските претставници ќе се сретнат во Анкара следната недела за да разговараат за безбедносните услови во Црното Море, соопштија извори од Министерството за национална одбрана.

Тие ќе се сретнат на 15 и 16 април во Командата на поморските сили, објави турската Си-Ен-Ен.

На состанокот, на кој ќе присуствуваат воени претставници на земјите, ќе се разговара за воените планови за одржување на мирот во Црното Море.

Вестите за мировните преговори доаѓаат истиот ден кога Русија лансираше балистички ракети во украинскиот регион Суми, при што загинаа најмалку 30 луѓе, а беа повредени повеќе од 80.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Владимир Путин, велејќи дека рускиот претседател нема да престане да ја продолжува војната.