Потврдени најавите – Федерер се враќа на теренот

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Познатиот тенисер Роџер Федерер се враќа на теренот. Организаторите на АТП 250 турнирот во Доха ги објавија имињата на учесниците на овогодинешното натпреварување, а она што беше најавено сега е потврдено – Швајцарецот ќе биде таму.

Федерер не играше од Австралија опен минатата година и поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Оттогаш имал неколку операции на коленото, и неколку пати го одложувал враќањето.

Негова најголема конкуренција во Доха ќе биде Доминик Тим, кој е назначен за прв носител. Од Топ 10, тука е и Андреј Рублев, кој ја брани титулата.

Она што е интересно е тоа што натпреварот започнува на 8 март. Тоа е денот кога Новак Ѓоковиќ би можел официјално да го сруши рекордот на Федерер по бројот на недели поминати на чело на АТП караванот.

Слични содржини