Шкотска денеска го потврди првиот случај на мајмунска сипаница, соопштија здравствените власти.
„Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Велика Британија за да го истражиме изворот на инфекцијата“, изјавил Ник Фин, шкотски здравствен службеник, пренесува „Ројтерс“.
Болниот е примен на лекување, а се трага по лицата кои биле во контакт со него, наведува британската агенција.
Прв случај на мајмунска сипаница регистриран и во Данска
Данска го регистрираше првиот случај на инфекција со мајмунска сипаница кај возрасен маж кој се вратил од патување во Шпанија, соопшти денеска данското Министерство за здравство.
„Здравствените власти не очекуваат ширење на инфекцијата во Данска, но внимателно ја следиме ситуацијата за да бидеме подготвени за можно ширење на инфекцијата“, рече министерот за здравство Магнус Хеунике, пренесува „Ројтерс“.