Потврдено: Буфон во Серија Б – се враќа таму каде што започна сè

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Џанлуиџи Буфон ќе брани за Парма следната сезона.

Она што се шпекулираше сега е потврдено – 43-годишниот голман се враќа во Парма, каде ја започна својата кариера.

Тој ќе потпише договор до 2023 година, пренесе новинарот Фабрицио Романо.

Буфон потврди дека нема да ја заврши кариерата и дека ќе брани во следните две сезони.

Кариерата ја започна во Парма, далечната 1994 година.

Тој се пресели во Јувентус во 2001 година, а во кариерата бранеше и за ПСЖ.

Слични содржини