508
Здравствените власти во Данска ги повикаа навивачите кои присуствуваа на натпреварот на Европското првенство помеѓу Данска и Белгија да бидат тестирани за коронавирусот, откако беа откриени најмалку три случаи на инфекција со новиот делта вид.
Натпреварот се одигра на 17 јуни во Копенхаген на стадионот „Паркен“.
Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке изјави дека околу 4.000 луѓе седеле во близина на луѓе кои се позитивни на новиот делта слој на коронавирусот!
Од 2 април, Данска пријави 247 случаи на новата варијанта на коронавирусот.