Потврдено: Ѓоковиќ нема да игра во Австралија ако не е вакциниран

од Vladimir Zorba

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, нема да игра на Австралија опен доколку не биде вакциниран.

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук изјави дека тенисерите кои немаат две дози вакцини нема да играат во Австралија.

Министерот Хок е јасен дека Србинот нема да може да влезе во Австралија невакциниран.

„Добивме совет од нашите здравствени работници и нашите здравствени советници дека нема да дозволиме луѓе во Австралија кои не биле вакцинирани со две дози“, рече Хок.

„Немам порака за Новак Ѓоковиќ. Имам порака за секој што сака да дојде во Австралија, дури и за него – ќе мора да се вакцинира со две дози“.

Австралија опен се игра од 17 до 30 јануари 2022 година.

Слични содржини