Според Договорот од 2 јуни, нова Влада без Никола Груевски на нејзиното чело, треба да биде инаугурирана на 15 јануари, односно сто дена пред изборите закажани за 24 април. Груевски од функцијата, како што е запишано, треба да се повлече во догледно време за да го овозможи во предвидениот термин изборот на нова Влада. На прашањето дали тоа ќе го стори на 10 јануари, како што за телевизијата Алсат М најави неговиот коалициски партнер Али Ахмети, Груевски одговари:

„Тоа што е договорено е нова влада да има на 15 јануари. Тие рокови ќе се испочитуваат. Што се однесува до еврокомесарот Јоханес Хан, тој е секогаш добредојден“.

Се шпекулира дека еврокомесарот Хан доаѓа токму за неговото разрешување и за подбутнување на блокираниот договор од Пржино

Преговорите за финализација на Договорот од Пржино, пред се за регулирање на медиумската сфера, се замрзнати. Запнаа по предлогот од  медијаторот за реално решение кое единствено го поддрѓаа од медиумската заедница  ЗНМ и ССНМ.Олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте не е во Скопје за време на божиќните и новогодишните празници,Се очекува  по смената на премиерот   и новата Влада на РМ заедно со Хан да се заокружи  и медиумската сфера.

Слични содржини