Неидентификуван вооружен напаѓач уби маж и повреди жена во Париз во понеделникот, пред да избега со мотор.
Првите резултати од истрагата покажуваат дека не станува збор за тероризам.
„Ројтерс“ пренесува дека две лица биле повредени во нападот и префрлени во болницата „Анри Динан“ пред која се случил инцидентот, а мажот потоа починал од повредите, додека жената е во сериозна состојба на одделот за интензивна нега.
Обвинителството во Париз, кое започна истрага за убиството, соопшти дека мажот кој бил убиен имал 33 години и имал полициско досие, додека 33-годишната жена исто така била во критична состојба во болница и дека немало врска помеѓу двете жртви. Мажот бил цел на напаѓачот.
„Не станува збор за терористички напад, веројатно се работеше за расчистување на нерасчистени сметки“, им рече на новинарите Франсис Спајн, претседател на 16-тиот париски арондисман, според агенцијата.
Еден очевидец за „Ројтерс“ изјави дека човекот бил погоден неколку пати во главата додека тој веќе лежел на земја.