Потврдено обвинението против Мика Алексиќ

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

На седницата на Високиот суд одржана во Белград на 29 јуни 2021 година, Вонсудскиот совет на Високиот суд во Белград донесе решение со кое се потврдува обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград против обвинетиот Мирослав Алексиќ, обвинет за сторени повеќе кривични дела на продолжено силување, како и повеќе кривични дела на недозволена сексуална активност.

Испитувајќи го обвинението на Вишото јавно обвинителство, Кривичниот вонсудски совет зазеде став дека доказите собрани во текот на предистражната и истражната постапка даваат доволна основа за да се заклучи дека обвинетиот е оправдано сомнителен дека ги сторил кривичните дела кои се предмет на обвинение.

Против ова решение обвинетиот и неговиот бранител можат да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на решението.

Слични содржини