Потврдено обвинението за поткуп против Заев

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Советот за оцена на обвинителниот акт го потврдил обвинението за примање поткуп против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

zaev-intervju1

„По одржано јавно рочиште за оцена на обвинителниот акт на 1 јули 2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната, по ценењето на фактите и на доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани“, се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Како што посочуваат од судот, предметот ќе биде распределен кај судија од одделението за организиран криминал и за корупција.

Заев, според обвинителството, во својство на службено лице, градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, една половина од партите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.