Од Институтот за јавно здравство, во соработка со Комисијата за преносливи болести во рамките на Министерството за здравство, велат дека врз база на микро биолошките анализи, потврдиле дека станува збор за хеморагична треска хантаан која ја предизвикала смртта на таткото и синот, од гостиварското село, Симница.

Министерот за здравство Арбен Таравари преку видео порака од САД потврди дека причина за заразата смртта кај починатите е Хеморагачна треска која ја предизвикува хантаан вирус.
„ Се работи за подобрата варијанта на Хеморагична треска-хантан која не се пренесува од човек на човк, туку преку глодари. Состојбата е под контрола, ќе продолжиме да ја следиме и понатаму“ рече Травари во видео обраќањето.
Министерот Травари соопшти дека има два нови случаи на Клиниката за инфективни болести, но засега состојбата е под контрола. Екипи на епидемиолошката служба на Институто з а јавно здравје од Скопје и гостивар денеска биле во селото Симница, направена е дезинфекција и дератизација во селото, секаде каде што се движеле починатите.
Епидемиолози биле и на одделот за инфективни болести во Гостивар каде им се дадени инструкции на лекарите и медицинскиот персонал како да постапуваат доколку има нови слуачи на заболени. Таравари нагалси дека во текот на оваа година имало уште четворица заболени со Хеморагична треска-хантаан, но тие се излекувале.
Во научно списание „Журнал за вирусологија“ , се вели дека дека хантаан-вирусот е предизвикувач на корејска хеморагиска треска.
Вирусот на луѓето го пренесуваат глувци, претежно домашниот глушец, и тој се наоѓа во нивниот измет и урина. Луѓето со овој вирус се заразуваат при вдишување на тие честички. Самиот вирус е припадник на опасната група ханта-вируси.