Потврдено: Следниот iPhone ќе биде промовиран на 10 септември

од Vlatko K
188 прегледи

Apple започна со испраќање покани за својот традиционален септемвриски настан, на кој
очекуваме компанијата да го промовира iPhone 11. Настанот ќе се одржи на 10 септември во
салата „Стив Џобс“ во седиштето на компанијата во Купертино.


Како и обично, поканата не открива што ќе видиме тогаш, но веќе знаеме дека Apple подготвил три
нови паметни телефони кои ќе ги наследат сегашните iPhone XR, XS и XS Max.

Двата премиум модели ќе вклучуваат тројна главна камера, додека поевтиниот уред ќе понуди
двојна камера.

Очекуваме и можност за двонасочно безжично полнење, подобрување во перформансите,
батеријата и Face ID итн.

Најверојатно, ќе видиме подобрувања и во линијата на паметни часовници.