Поведена дисциплинска постапка против Вилма Русковска и уште две обвинителки

од Nikola Popovski
178 прегледи

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и две обвинителки од тоа обвинителство Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

-Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

Против ова решение на Комисијата не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог, стои во соопштението од Јавното обвинителство на Северна Македонија.

Слични содржини