Поведена постапка против мајката на момчето кое уби 10 лица во училиште во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност отвори случај во врска со настанот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, кога малолетник им ги одзеде животите на девет лица и рани уште четворица, од кои еден почина, со цел да се утврди дали во постапките на мајката постојат елементи на кривичното дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Обвинителството испратило барање до Полициската управа за Градот Белград за прибирање на потребните информации, со што е утврден распит на осомничената, разговор со педагогот и психологот вработен во основното училиште „Владислав Рибникар“, како и преземање на сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактите, пренесува „Нова.рс“.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденцијата на социјалната служба.

По доставувањето на извештаите на Полициската управа за Град Белград и Градскиот центар за социјална работа до обвинителството, јавноста веднаш ќе биде информирана за натамошниот тек на постапката и донесените решенија.

Слични содржини