Повеќе од 10 милиони Австралијци во карантин

од Stefanija Kuzmanovska
485 прегледи

Над 10 милиони Австралијци се ставени во карантин поради повторното ширење на коронавирусот низ целата земја, а Бризбејн стана четвртиот голем град што им нареди на граѓаните да останат дома.

Тридневниот карантин во Бризбејн, кој започнува вечерва, беше воведен откако ваквите мерки беа воведени последните денови од Сиднеј, Перт и Дарвин.

„Ова се тешки одлуки“, рече премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, откако Австралија потврди дека се заразени 23 лица за 24 часа.

„Воведовме карантин во големите градови затоа што прекуокеанските патници го носат вирусот овде“, додаде таа.

Слични содржини