Крузер со 2.000 патници во карантин – се сомнева дека има заразени со колера

од Stefanija Kuzmanovska

Крузерот Norwegian Dawn со околу 2.000 патници е во карантин во близина на брегот на Маурициус бидејќи патниците на бродот имаат дијареја, а се стравува дека се заразени со колера.

Бродот долг 294 метри, кој плови под знамето на Бахамите, е запрен во близина на Маурициус, а на патниците не им било дозволено да го напуштат пловилото. Имено, властите на островот одбиле да ги примат туристите бидејќи непознат број од нив имаат дијареа, а не е сигурно дали се заразиле со норовирус или колера, пишува Hamburger Abendblatt повикувајќи се на Le Mauricien.

Во моментов е во тек прегледот на болните, а вработените во здравствените служби во Маурициус се качиле на бродот и земале примероци од 15 патници за да ја утврдат причината за болеста.

Колерата е многу заразна, акутна гастроинтестинална инфекција предизвикана од бактеријата колера и може да биде поврзана со тешка дијареа и повраќање и последователна тешка загуба на течности.

Првите резултати од тестот се очекуваат утре, а дотогаш на патниците не им е дозволено да го напуштат бродот.

Слични содржини