Повеќе од 100.000 Американци починале од предозирање за една година

од Nikola Popovski
270 прегледи

Повеќе од 100.000 Американци починале како последица на предозирање со дрога за една година, што досега не е евидентирано, а здравствените власти тоа го поврзуваат со павидемијата на Ковид-19 и присуството на уште поопасни опиоди во системот за снабдување со лекови.

Смртноста од последиците од предозирање во САД расте повеќе од две децении, а во последните две години е забрзана и, според последните податоци, во последната година е зголемена за речиси 30 отсто.

Врз основа на најновите достапни податоци од регистарот на смртни случаи, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) проценува дека 100.300 Американци починале од предозирање со дрога од мај 2020 година до април 2021 година, иако, според АП, ова не се официјални податоци.

ЦДЦ претходно објави дека во 2020 година имало околу 93.000 смртни случаи од предозирање, што е најголем број регистриран во една календарска година.

Слични содржини